Уште еден смртен случај во гевгелиската болница

0
2323

Елена (14) од селото Миравци ноќва умрела во гевгелиската болница како последица на предозираност со таблети за намалување на притисокот.

Елена вчера испила неколку таблети на татко ѝ за намалување на притисокот. Откако состојбата се влошила, малата Елена била пренесена во гевгелиската болница. Тука била примена со низок притисок и слаб пулс. При обидите за реанимација лекарите не успеале да ја спасат Елена.

 Утрово телото на девојчето било однесено на обдукција во Скопје.

Роднини на девојчето се жалат за несоодветна и ненавремена реакција на лекарите од гевгелиската болница.