Уште една земја формира Министерство за среќа

0
356

По примерот на Бутан, која беше единствената земја во светот која има Министерство за среќа, ваква институција ќе формира уште една земја.

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати најавил дека земјата ќе формира државно министерство за среќа како дел од планот со кој сака да направи голема реогранизација на владата.

Шеик Рашид бин Мохамед Ал Мактум наведува дека целта на новото министерство е „да работи на создавање социјални добра и задоволства“

Тој посочил и дека во новиот состав на владата ќе биде формирано и државно министерство за толеранција. Тој додава дека ќе се спојат неколку досегашни министерства. Формирањето на новите министерства е дел од големата реорганизација на владеачките структури во ОАЕ.

„Владите мора да бидат флексибилни. Не ни требаат повеќе министерства, туку министри способни да се носат со промените. Сакаме млада и флексибилна влада која ќе ги исполнува барањата на нашите млади и ќе ги остварува амбициите на нашиот народ“, изјавил шеикот.

Премиерот најавил и основање на национална заедница за млади. Таа заедница ќе бида составена од елитни млади мажи и жени кои ќе ги советуваат младите. Заедницата ќе ја води жена, државната министерка за млади, која ќе има најмногу 22 години.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY