Уште пет дена до препораката за Македонија во ЕУ

0
517

Последниот рок за усвојување на новиот извештај за напредокот на Македонија за членство во ЕУ е петти ноември. Еврокомесарот Јоханес Хан за време на последниот престој во Македонија изјави дека ќе има препорака само ако се завршат обврските од договорот во Пржино. Од исполнувањето на тие обврски, засега ништо.

На 30 октомври сите рокови за спроведување на обврските од договорот во Пржино се пробиени, а нема информации дека нешто е променето во однос на можен компримис меѓу претставниците на четирите политички партии.

Сите апели од Брисел и од амбасадорите во Скопје се усмерени на исполнување во целост на договорот од Пржино за Македонија да го добие седмиот по ред позитивен извештај.

 Засега, резултат од овие апели нема. Сите рокови за спроведување на договорот од Пржино се пробиени. Нема договор за тимот на специјалната обвинителка, за надлежностите на новите министри и заменици, за законите за прислушуваните материјали и за „свиркачите“…

Македонија уште во 2001 година ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, а кандидатскиот статус го доби во 2005 година.

www.mkd.mk