Уште се трага по 16-месечната Елиф од Стајковци која исчезна во поплавите

0
1031

Веќе 15 дена нема ни трага ни глас oд 16-месечната Елиф Фејзулах од Стајковци.

Надлежни екипи се уште трагаат по девојчето кое исчезна ноќта на 6-ти август кога невремето го погоди скопскиот регион.Заедно со нив и чичкото на Елиф кој заедно со војниците ја бара својата мала внука.

За разлика од другите денови, вчера на терен немаше доброволци да учествуваат во потрага по Елиф.

Девојчето во моментот на страшното невреме по обиколница со автомобил се движло со родителите . Голем воден бран почнал да го носи автомобилот по што на малото девојче му се губи трагата, таткото починал,  а мајката два часа подоцна беше пронајдена жива.

Чичкото на Елиф, вели дека потрагата нема да заврши се додека не ја пронајдат неговата внука. Тој ги повика граѓаните да се приклучат во потрагата.

www.faktor.mk