Условна затворска казна за лекар од Битола

0
4560

Лекарка од Kлиничката болница во Битола, која била вработена како анестезиолог  осудена е на условна затворска казна поради грешка при интубирање на пациентка која починала за време на изведување царски рез во болницата во март 2012 година. Бебето преживеало, но младата родилка на возраст од 25 години починала поради компликација, бидејќи цевката за воздух наместо во дишните патишта, биле внесена во хранопроводот.

Според пресудата која е објавена на сајтот на Основниот суд битола, обвинетата била осудена на затворска казна од шест месеци, која нема да се изврши доколку лекарката во рок од две години не стори ново кривично дело.