Усмртена мечка на автопатот Скопје – Тетово

0
1002

Вчера вечерта, на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Групчин се случила сообраќајна незгода во која е усмртена мечка.

Комбе со германски таблички управувано од А.Ф. од Скопје се судрило со патничко возило “сеат леон” управувано од М.В., при што автомобилот удрил во мечката и ја усмртил на лице место.

Со телесни повреди се здобиле М.В. и неговата сопатничка Л.М, кои со Итна медицинска помош се префрлени на Клиника во Тетово, а потоа пренесени во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле екипи на СВР Тетово.