Успешна бизнис приказна на Силвана Здравкоска поврзана со Орифлејм

0
1111

Орифлејм е компанија во која најголем процент од соработниците се жени и токму оваа компанија е една бизнис можност која дозволува самостојност и финансиска независност за жените на лесен начин и без никаков влог.

Непосредно пред денот на жената 8-ми март, ние ги посетивме во новоотворените простории, каде се информиравме за успешните приказни. Една од тие успешни приказни поврзани за Орифлејм е и онаа на Силвана Здравкоска, Сениор Менаџер, која за многу брзо време ќе биде директор во Орифлејм. Оваа компанија постои на светскиот пазар од 1967 а во Македонија веќе долги години успешно опстојува на македонскиот пазар.

Преку работата на Фондацијата, компанијата спроведува кампањи и програми за помош на деца без родителска грижа и млади жени од целиот свет на кои им е најпотребна помош.

Здравкоска истакнува дека е задоволство да се работи во компанија каде позитивната аура е секојдневно присутна, а освен тоа, тука е и можноста да се изгради сериозен бизнис, со силна заработувачка.

Патувањата се тие кои ја издвојуваат Орифлејм од другите компании на пазарот, бидеќи e место каде се изградуваат лидерите.

Веруваат и вложуваат во луѓето, градат Бизнис можност за секого. Тука спаѓааат и патувањата поврзани со бројните семинари.

Силвана е доказ за млад човек кој својата страст ја претвори во бизнис. Доказ дека ништо не е невозможно, само треба на ризикот да му се погледне во очи и вредно да се работи за она што се сака.

Ако вашата страст е вистинска, ќе бидете спремни напорно да работите и да направите се што е потребно за да ги остварите вашите цели. Секако, ќе има проблеми и пречки на патот, но ќе ви биде полесно да ги надминете ако го сакате тоа што го работите.

И по 50 годишно постоење Орифлејм, не го менува својот главен принцип на кој е основан – да помага во остварување на соништата.