Успешно 21-во издание на Си-До

0
241

СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.
21 то издание на детскиот музички фестивал  се одржа во три фестивалски изведби и изведба на детски песнички во преполни сали.
Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и на многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.
Изведувачите среќни што имаа можност да настапуваат на овој реномиран фестивал.
Покрај од Македонија на фестивалот учествуваа и деца од другите држави меѓу кои од Бугарија и Србија.

Традиционално, водител и оваа година беше актерката маја Андоновска Илијевски која пред многу години настапи на овој фестивал.

Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада.
Детскиот фестивал Си До, има соработка со повеќе меѓународни детски фестивали.