Успешно тестиравме мотор за ракета на долго растојание

0
250

Северна Кореја тврди дека успешно тестирала нов тип на мотор на меѓукопнена балистичка ракета.

Според извештајот на севернокорејската новинска агенција, лидерот на земјата Ким Јонг-ун го набљудувал тестирањето и заклучил дека со ова се отвора патот за „нов начин на нуклеарен напад на американските империјалисти и другите непријатели“.

Според агенцијата, тестирањата биле извршени на северозападниот дел од земјата каде Пјонгјанг и при почетокот на 2016 година вршеше нуклеарни тестирања.

Американските служби бараат од Северна Кореја да се воздржи од нуклеарни тестови и од реториката на известување кои би можеле да го дестабилизираат регионот и наместо тоа да се фокусира на исполнување на обврските од меѓународните конвенции.