Успешно заврши акцијата Куќичката и фабриката на дедо Мраз

0
380

Од 24-ти до 31-ви декември, во Битола се одржуваше хуманитарната и едукативна акција Куќичката и фабриката на Дедо Мраз.

Деновиве акцијата заврши а се одржуваше под мотото Од децата за децата .

Во куќичката децата комуницираа и се сликаа со најпопуларниот дедо на целиот свет, додека родителите купувајќи фотографија донираа.

Средствата се искористија за купување на батерија за велосипедот на Пеце Ангелевски, логички игри , фотоапарат, лап топ за Едукативниот центар за деца со аутизам во Битола, се купија прехрамбени продукти за семејства од социјално ранливи категории регистрирани преку Црвениот крст од Битола и семејства кои беа вклулчени во овој дел од акцијата минатите години.

Посебно внимание оваа година предизвика и фабриката на Дедо Мраз, каде беа организирани едукативни работилници.

Гости во фабриката беа студентите на школата за лидерство и јавни политики Политеа кои со својата еднодневна акција Твоето малку е некому многу, собраа финансиски средства , нерасиплива храна, облека и играчки, кои беа донирани до семејствата со социјален ризик преку Народната кујна.