Уставен не расправаше за поставувањето на крстот во Бутел

0
358

Уставните судии денеска со осум гласа „за“ одлучија од дневен ред да ја тргнат точката за разгледување на Иницијативата за уставноста на одлуката за  поставувањето крст во општина Бутел. Предлог за одложување на разгледувањето бил на уставниот судија Сали Мурати, кој не присуствуваше на седницата, а неговите колеги се согласија точката да се одложи за следната седница.

Иницијативата до Уставен суд во март годинава  ја поднесе струшкиот градоначалник Зијадин Села. Според него, одлуката за поставување крст не била по Бадентеровиот принцип.

Поставувањето на крстот во Бутел предизвика меѓуетнички тензии, бидејќи со неговото поставување не се согласи ДУИ.