Уставен пресече, Иванов ќе може да помилува лица кои сториле изборни измами

0
440
????????????????????????????????????

Со 5 гласа за и четири против Уставните судии го вратија правото на претседателот на државата за помилување на изборни нерегуларности.

Уставните судии оценија дека ќе поведат постапка за укинување на Законот за помилување, а на една од следните седници ќе ја официјализираат одлуката.
На денешната седница имаше остра дебата меѓу уставните судии за оспорувањето на уставноста на законот за помилување.
Судијата известител Никола Ивановски рече дека ограничувањето на ингеренциите на претседателот за помилување е против уставно и сите дела треба подеднакво да се третираат пред Уставот и Законите.
Дел од уставните судии, Наташа Габер, Исмаил Дерлишта и Гзиме Старова реагираа дека рефератот на судијата Ивановски е неквалитетно направен и контрадикторен, а со подршка на иницијативата се дава можност за зголемување на кривичните дела и охрабрување на сторителите за предизвикување на изборни нерегуларности.
Судиите реагираа и на експресното одвивање на целата процедура со која иницијативата се нашла на дневен ред.
Претходно, според процедурата, свое мислење доставиле и Владата и Собранието, но во него тие координирано оцениле дека измените во Законот се добри и напишале негативен став  во однос на иницијативата  односно потврдиле дека претседателот на државата не треба да помилува лица кои сториле кривични дела поврзани со изборите.
Иницијативата следува откако Специјалното јавно обвинителство го отвори предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности на изборите во 2012-тата со кои се опфатенио поранешните функционери на владата, меѓу кои екс министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.