Уставен реши – нема веќе градби од посебен интерес за Владата

0
410

Уставниот суд на вчерашната седница го укина членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој се однесува на урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес. Оваа законска одредба предвидуваше дека градба од посебен интерес за која ќе се изработи урбанистичко-планска документација се утврдува со Одлука од страна на Владата на Република Македонија.

Од Уставниот суд во април годинава изразија сомнеж во уставноста на оваа одредба, подвлекувајќи дека проблематично во одредбата е прашањето што е тоа посебен интерес и дали тоа може да значи можност за арбитрарност на Владата. Уставните судии тогаш определија и времена мерка за примената на оваа оспорена одредба.

Подносителите на иницијативата – неколку невладини организации и граѓани сметаа дека со овој член од Законот се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото, бидејќи и се дава можност на Владата без јасно определени критериуми да определува градби од посебен интерес.