Уставен суд до 18-ти да се произнесе за уставноста на СЈО

0
637

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција потсети на ултиматумот кој Шарената револуција и го објави на власта, а кој тој го поддржува.

Како што потенцираше тој, клучните два чекори за решавање на кризата се до 18.јуни, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство за како што рече, да се тргне меќот од главата на оваа институција, како и да се ослободат приведените демонстранти, односно да се запре прогонот над нив од страна на МВР.

„За правда воопшто не се преговара“, порача Заев.