Уставен суд ќе расправа за аболицијата на Иванов, за автошколите, но не и за СЈО

0
324

Во среда ќе се одржи последната седница на Уставниот суд пред распуштањето на Собранието. На оваа седница уставните судии нема да расправаат за иницијативата за испитување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство. На 12 октомври Собранието се распушта.

В среда уставните судии ќе расправаат за аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, за одлуките за помилување на 56 политичари, функционери и нивни соработници на 12 април. Аболицијата е целосно поништена, па се очекува уставните судии на седницата тоа само и да го констатираат. На дневен ред се и некои други точки, како на пример и разгледување на некои одредби од Правилникот за автошколите.

Јавноста веќе подолго време чека Уставниот суд да се произнесе по иницијативата за оценување на уставноста на СЈО.

Според последниот дел од договорот во Пржино, кога конечно беше усогласен и датумот за предвремените парламентарни избори, 11 декември, беше договорено ако уставните судии го укинат СЈО, партиите во рок од 5 дена да го сменат законот и повторно да го вратат специјалното обвинителство во функција.

Во случајов, ако Уставниот суд до 12 октомври не се произнесе за СЈО, тогаш партиите потписнички на пржинскиот договор нема да имаат можност да го вратат СЈО затоа што Собранието веќе ќе биде распуштено.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY