Уставен суд по третпат без одлука за крстот во Бутел

0
323

Уставните судии по трет пат не донесоа одлука за иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55-метарски крст во Општина Бутел.

На денешната седница на Уставниот суд присуствувале осум судии, а гласањето било изедначено, четворица судии биле за прифаќање, а четворица за отфрлање на иницијативата.  Според најавите, таа ќе се разгледува повторно на некоја од наредните седници на Уставниот суд.

Инаку, иницијативата во март годинава ја поднесе струшкиот градоначалник Зијадин Села, според кого, одлуката за поставување крст во Општина Бутел не била во согласност со Бадинтеровиот принцип. Поставувањето на крстот во Бутел предизвика меѓуетнички тензии, бидејќи со неговото поставување не се согласи ДУИ чии активисти поставија камп на местото каде требаше да се гради крстот, откако предходно беа осветени темелите. Крстот го донираше Светскиот македонски конгрес чиј претседател Тодор Петров беше и физички нападнат по свеченоста за осветување на камен-темелникот.