Уставниот суд ја отфрли иницијативата против одложеното распуштање на Собранието

0
379

Уставниот суд не ја прифати иницијативата на пратеникот Павле Трајанов и Тодор Петров, кои сметаат дека е неуставна одлуката Собранието да се распушти со одложена примена.  Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за распуштањето на Парламентот, објави Телма.

Собранието на 18 јануари донесе одлука за самораспуштање, со тоа што одлуката ќе стапи во сила на 24 февруари, 60 дена пред изборниот ден 24 април.

Утринава на расправата на Судот по оваа иницијатвива, судијата Наташа Габер, подготвувач на извештајот, кажа дека ваквата одлука на Собранието е преседан.

Од друга страна, претседателката на Уставниот суд Елена Гошева смета дека иницијативата треба да се отфрли бидеќи Судот не може да одлучува за акт, туку само за закони.

Претходно, од Демократски сојуз на иницијаторот Трајанов рекоа дека датумот за избори (24 април) не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на оддржување на избори, се додека не се исполнат сите услови.

Без коментари

LEAVE A REPLY