Уставниот Суд ја стопираше одлуката за распуштање на Собранието

0
468

Стопирани се сите дејствија што произлегуваат од Одлуката за распуштање на Собранието, вклучувајќи ја Одлуката за распишување избори на петти јуни и изборните дејствија што ги презема Државната изборна комисија.

Уставниот суд едногласно одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието и истовремено, изрече времена мерка која ќе важи до конечната одлука.

Пред три месеци, Судот ја отфрли иницијативата поднесена од Павле Трајанов и Тодор Петров.

Мнозинството судии одлучи дека Судот не е надлежен да расправа за поединечен акт, каков што е Одлуката за распуштање на Собранието. Денеска, по иницијативата поднесена од пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, Судот одлучи да се произнесе.

Претседателката Елена Гошева остана  на мислење дека се работи за поединечен акт, но дозволи преседан, бидејќи се работи за висок државен интерес во ситуација кога излез од политичката криза не може да се најде, а голем број државни органи се во функционална блокада.