Уставниот суд ќе ја исклучи јавноста од утрешната седница

0
423

Уставниот суд одлучи утрешната седница на  која треба да се расправа за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, како и за други тешки кривични дела ќе се одвива зад затворени врати.

На веб страницата каде што е објавена оваа одлука  нема образложение зошто и кој одлучил во Уставниот суд утрешната седница да не биде јавна и да се забрани присуство на новинарите.

Според дел од медиумите во членот 85 е предвиден исклучок за тајност на седница, но за тоа треба да одлучи Судот, односно сите судии, но по претходно образложена одлука што ќе и биде соопштена на јавноста.

Во меѓувреме Хелсинишкиот комитет за човекови права јавно ја повика претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, да образложи поради која причина и на кој начин е донесена одлуката за исклучување на јавноста за време на утрешната седница на која ќе се одлучува по иницијативата за измени во Законот за помилување.