Уставниот суд ќе одлучува за исплатата на земјоделските субвенции

0
453
Минатата недела земјоделското здужение „Агротиквешија“ поднесло иницијатива за оспорување на членот 8а став еден, два и три од Изборниот закоин, според кои  се забранува исплата на субвенции до формирање на нова Влада. Подносителите на иницијативата очекуваат членот да биде оспорен.
„Си го бараме своето, што е многу нормално. Треба се да се расчисти и да тргнат работите како што треба. Доколку судот не успее да го усвои членот, ќе видиме понатаму што ќе преземеме“, изјави Љупчо Аризанов, претседател на здружението „Агротиквешија“.
Министерот за земјоделство Михаил Цветков вели дека знае за иницијативата, но не знаел кој ја има поднесено.
„Се видов  со министерот Кирил Миноски и тој ми рече дека без промена на законските  одредби не може да се исплаќа.Не знам кој ја поднесол иницијативата, но знам дека има таква иницијатива. Ако Уставен суд го оспори членот, веднаш почнуваме да исплаќаме.Очекувам дека Уставниот суд ќе се произнесе најскоро.“ – изјави Цветков.