Уставниот суд не ја прифати иницијативата за обесштетување на хонорарците

0
276

Уставниот суд ја отфрли Иницијативата со која се оспорија законските решенија за плаќање задолжителни придонеси од страна на хонорарците. Во решението на уставните судии пишува дека има процесни пречки поради тоа што оспорените одредби повеќе не важат. Само судијката Дамјановска – Габер не се согласи со ваквото решение на колегите.

По одлуката на Владата за задолжително плаќање придонеси за хонорарците, веднаш беше покрената и иницијатива за оспорување пред Уставниот суд. Потписниците на иницијативата се повикуваа на нееднаквиот третман на граѓаните, нарушувањето на принципите на правната сигурност, двојното плаќање придонеси, контрадикторноста на решенијата со институти од постојните закони од трудовата сфера и облигационите односи…

По само неколку месеци, летово овој закон беше укинат. За Уставниот суд измените на овие законски решенија „се процесна пречка Усудот да постапува по нив, бидејќи тие повеќе не важат“.

За судијката Наташа Дамјановска – Габер судот требало да изгради принципиелно толкување на прашањата и лицата што ја исполниле својата законска обврска во периодот на важење на оспорените одредби, да им биде овозможено обесштетување.

www.mkd.mk