Уставниот суд паузира со седници до септември

0
354

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи последната седница пред летните одмори. На дневен ред нема иницијативи, туку  само текстови на нацрт-решенија што ги донел судот, а уставните судии продолжуваат со работа во септември.

Ова значи дека приврзаниците на Шарената револуција и опозицијата, чие приоритетно барање е Судот да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за што следуваа низа протести и герила акции, за одлуката на Уставен ќе треба да почекаат до септември, а можеби и подолго, со оглед на тоа што Судот одбива да соопшти кога Иницијативата за СЈО би се нашла на дневен ред.