Уставниот суд утре ќе расправа за Иницијативата на ДУИ за Собранието

0
317

Уставниот суд утре во 9 часот  ќе расправа по Иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива е објавена утрово, на интернет-страницата на Уставниот суд и таа е единствена точка на дневен ред.

Во меѓувреме до Уставниот суд е поднесена уште една иницијатива, која  се однесува на на аболицијата на 56 лица, политичари и нивни соработници, од претседателот Ѓорге Иванов, односно за преоценка на членот 11 од Законот за помилување на кој претседателот Иванов ја темели одлуката за аболиција.

Без коментари

LEAVE A REPLY