Усвоен Акцискиот план за развој на Пелагонискиот плански регион

0
382

ЦРППР во Ресен ја се одржа 11-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. Членовите на Седницата на Советот го усвоија Акцискиот план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион, како и дополнетата приоритетна листа за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2016 година.
sednica
„ Понатаму, градоначалниците на Советот за развој на Пелагонискиот регион ги усвоија и измените и дополнувањата на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2015 година. На истата седница, градоначалниците ги усвоија препораките за управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен

goko
Почнувајќи од 12 Септември во сите девет општини кои се дел од Пелагонискиот Плански Регион ќе се промовираат активности со посебни настани поврзани со промоција на Пелагонија како дестинација за авантуристички Туризам, додаде Стрезовски.

Во текот на работниот ден Градоначалниците на Пелагонискиот плански регион одржаа состанок и на Регионалната развојната агенција Преда на кој за извршен директор на агенцијата повторно беше именувана м-р Милена Димитровска.