Усвоен Кварталниот извештај без опозицијата

0
820

По започнувањето на 43 та седница на Совет во општина Битола за 1 точка од ндневниот ред за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општината за третиот квартал од 20015 година , опозицијата побара присуство на од градоначалникот Талевски и неговиот советник Бончановски

natasa

– Барам прекин на седницата и барам да бидат повикани градоначалникот и неговиот советник Бончаносвки,изјави Наташа Петровска СДСМ

По објавата на претседателката на Совет дека градоначалникот не е во мошност да биде присутен на седницата, советниците од опозицијата ја напуштија расправата по оваа точка. Точката за Кварталниот извештај за извршување на буџетот беше образложена

sonja

-Жалам што колегите од опозицијата ја напуштија седницата и ни е ускратено правото да ги спротиставиме аргументите, изјави Соња Карапашовска ВМРО-ДПМНЕ

Кварталниот извештај беше  изгаласан со 16 гласа од страна на советниците на позицијата. По враќањето на советниците од опозицијата се продолжи со расправа од втората точка на дневниот ред за програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Битола за сезоната 2015-2016 која истата беше изгласана со 16 гласа за и 12 воздржани. Расправата продолжи со третата точка од дневниот ред , Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот 2016 до 2018 година , за која што опозицијата го обвини градоначалникот Талески дека ветил многу проекти , а досега не биле реализирани

zlatko kurcievski

-Во делот на илузии се изградба на стадион, кружниот тек од страната на Лукоил и АРМ, изјави Златко Ќурчиевски -СДСМ

kasapov

-Како не ве боли колеги од позицијата спортската сала во Скопје да е по високи стандарди а во Битола се распаѓа, изјави Александар Касапов -ЛДП

На ова со одговор од ВМРО-ДПМНЕ

olga

-Дали изградбата на кружните текови се илузија колеги од опозицијата, изјави Олга Лозановска – ВМРО-ДПМНЕ

За денешната 43 седница на Совет беа предвидени 32 дочки на дневниот ред