Усвоен планот за релокација на 120 илјади бегалци

0
206
TOVARNIK, CROATIA - SEPTEMBER 18: Migrants begin to board busses at Tovarnik railway station following crossing from Serbia on September 18, 2015 in Tovarnik, Croatia. Officials are saying that they had no choice than to close eight road border crossings yesterday after more than 11,000 people entered the country since Hungary fenced off its border with Serbia earlier this week. (Photo by Jeff J Mitchell/Getty Images)

Министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на Европската Унија со големо мнозинство го усвоија планот за распределба на 120.000 илјади бегалци ширум Унијата. Според Европската комисија, станува збор за исклучително важен чекор, во насока на надминување на бегалската криза со која, веќе месеци наназад се соочува Европа.

Сепак, вонредниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда, втор во последните осум дена , протече во знак на остра поделба на западноевропските членки. Додека од една страна планот силно беше поддржан од Германија и од Франција, од друга страна наиде на силен отпор од Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Полска. Тие се спротивставија на идејата Брисел да им наметнува квоти за прием на бегалците.

Без коментари

LEAVE A REPLY