Усвоен ребалансот на буџетот за 2017 на општина Битола

0
838

Со 19 гласа за и 10 против денеска на третата по ред Седница на Советот на општина Битола , советниците го изгласаа ребалансот на буџетот за 2017 година. На почетокот на седницата градоначалничката Наташа Петровска пред советниците го образложи ребалансот на буџетот.-Во општина Битола  доспеаните и превземените обврски ја имаат бројката од 12.491.350 евра. Тоа значи дека јас како градоначалник а и вие како советници, независно дали сте во позиција, опозиција, дали сте припадници на коалицијата на СДСМ или пак коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, не може да се изземе одговорноста за овие бројки за кој што говорам, вклучително и советниците од независната советничка група и претставникот на ДУИ , сите ја носиме одговорноста како ќе се однесуваме во следниот период околу водењето на општина Битола, поготово од финансискиот аспект, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола

Во своето обраќање таа рече дека во проекцијата на буџетот има потфрлање

-Приходите на буџетот се со исклучително ниско ниво од 53,93% од она што е испланирано. Каде се однесуваат тие најголеми потфрлања? Реализацијата на данок на имот е со 65,05%, потоа такси за користење или дозволи за вршење на дејност се всушност бројки кои што можевте да ги видите во материјалите кои што ги имате, на приходната страна сте можеле да забележите нагорна линија за 500 илјади денари а се однесуваат на плати на вработени во трговски друштва, јавни претпријатија кај трговци и други правни и физички лица. Се забележува и благо зголемување на данокот на наследство со иста сума како и претходната ставка која што ја споменав. Меѓутоа она што е карактеристично, а всушност претставува главен и суштински извор во полнењето на буџетот во општинската каса е уредувањето на градежното земјиште. За шал од она што е проектирано имаме намалување на приходите за надоместок за уредување на градежно земјиште или она што го нарекуваме комуналии за близу 4 милиони денари, што покажува дека во општината малку се градело, рече Петровска

ВМРО-ДПМНЕ и забележа на новата власт дека повеќе се занимава со минатото отколку со сегашноста и со иднината

-Од една страна ми е мило што во досегашните дискусии се потврди она што јас го говорев за алиби буџетот и барање алиби за тоа што  ќе се случува во наредните 4 години. Повторно продолживме да слушаме работи само за минатото, продолживме да слушаме празни пароли околу транспарентност, отчетност и одговорност нечија, која што потенциравме дека одговорностите ќе си бидат индивидуални и има тие кој да ги проверува, а тука сме ние за одбрана на интересите на сите граѓани на Битола. И ако првиот пат говорев за лицемерие за кое што некој тука невешто се обиде да објасни што било лицемерие, сега ќе говорам за ароганцијата на почитуваните советници од власта што неможам да ја оквалификувам како добра одлика, и таа ароганција оди доттаму до невидено ниво некохерентно и кохезија во исказите на обраќањата тука во однос на овај ребаланс, и се надевам дека до крајот на седницата  ќе се одлучите дали тоа е ребаланс на Наташа Петровска, дали е некој документ кој што случајно се нашол тука, односно за што документ се работи, рече Борче Димитровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ .

Претседателот на Совет Валентин Груевски потсети дека се работи за буџет кој што е проектиран од претходната власт.

-Првиот факт е дека Владимир Талески некој изброил дека бил на власт во општина Битола  4680 дена. Дека ребалансот кога е предложен Наташа Петровска била само два дена градоначалник. Владимир Талески за 12 години, некој вика 300 милиони некој вика 250 милиони евра, јас викам 250 милиони евра потроши пари. 250 милиони евра , а Наташа Петровска нема потрошено ниту денар. Она што сега го зборуваме, советниците од ВМРО-ДПМНЕ што го зборуваат , како бројките да се обратни, како Наташа Петровска да е градоначалник 4680 дена а Владимир Талески два дена , притоа во сите 12 години упорно и упорно ги браневте политиките на Талевски, рече Валентин Груевски претседател на Совет на општина Битола.

На денешната седница градоначалничката Наташа Петровска подели извештај за распределба на средствата од Бит Фест.