Утре ќе биде отворен новиот почесен конзулат на Русија во Битола

0
1951

Почесниот руски конзулат во Битола, свечено ќе биде отворен утре.

Седиштето на новиот Почесен конзулат на Руската Федерација во Македонија ќе биде во Битола, на ул. „Маршал Тито“ бр. 28, на добро познатиот Широк Сокак.

Со работа конзулатот ќе започне од 1-ви септември со работно време од 8ч. до 20ч. Во сабота конзулатот ќе работи од 10ч. до 16ч.

Во конзулатот ќе има музејско-изложбен простор за руски сувенири како и инфо-деск за сите потреби на руските граѓани во Македонија но и за потребите на македонските граѓани кои сакаат да патуваат во Русија. Во овој Почесен конзулат ќе биде сместена и официјалната канцеларија на Рускиот конзул. Почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија, г-дин Сергеј Самсоненко има надлежност на конзулски округ кој ги вклучува териториите на општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила, Кривогаштани и Новаци.

По повод свеченото отворање на Почесниот руски конзулат на 31-ви август, во 20 часот концертен настап ќе имаат Елена Ристеска и Викторија Лоба на Широк Сокак.

Без коментари

LEAVE A REPLY