Утре ќе објават дали има услови за фер избори на 24 април

0
574

ЕУ и САД, сепак, утре ќе ја соопштат оценката дали има услови за одржување кредибилни избори на 24 април, потврдиле за МИА од Амбасадата на САД во Скопје. Инаку, меѓународната оценка се очекуваше денеска.

Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека проценката сѐ уште е во подготовка.
„Од една страна 24 април е дел од Договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на Договорот од Пржино“, рече Орав.

Тој потсети дека оценката ќе се однесува на три области – на подготовката за изборите од страна на Државната изборна комисија и за Избирачкиот список; за медиумите; и за одвојувањето помеѓу државата и партијата.