Утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на Ромите

0
245

И во Битола утре со пригодна свеченост ќе биде одбележан меѓународниот ден на Ромите 8 април. Денеска на прес конференција невладината Баирска ѕвезда го најавија утрешниот хепенинг на Магнолија.

Осми април е денот посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми.

Со гордост го прославуваат празникот, потенцирајќи го значењето на културните вредности и специфики на Ромската заедница. Ромите, како интегрален дел од македонското општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот.