Утре ќе се усогласуваат законите за медиуми и за влада

0
362
Потписниците на Пржинскиот договор од утре почнуваат да ги усогласуваат Законите кои во наредниот период треба да ја поминат и собраниската процедура информираат партиски извори. Станува збор за анексот на Пржинскиот договор кој се однесува на законските решенија за медиумите, ингеренциите на опозициските министри  како и мандатот во преодната влада како и законот за МВР.  Во работната група ќе учествуваат  преговарачите , како и претсавници од партиите експерти во областите. Ова се случува откако во петокот драфт верзијата не помина на собраниските координации.
Партиски извори велат дека се очекува усогласувањето најтешко да  биде во делот на Законите за медиуми .Според договореното таму има и најмногу измени. Почнувајќи од назначувањето на главниот и одговорен уредник на националниот сервис кој треба да го предложи опозицијата па се до формирањето и на посебното ат – хог тело. Измени кои и за дел од познавачите на оваа проблематика беа спорни.
Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на опозициските  функционери – и да се предвидат оставките по изборите, но и да се фиксираат кадровските измени на 15 раководители во МВР. Законот за полиција пак ќе биде со одложно дејство до јануари следната година.