Утре лидерска средба – Хан нема да присуствува

0
128

Лидерите на најголемите политички партии утре во Скопје ќе се сретнат на преговори со цел излез од политичката криза.

Покрај тоа што процесот е под медијаторство на Европската унија, еврокомесарот Јоханес Хан нема да присуствува на лидерската средба.
Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас, изјави еврокомесарот.
Претходно, премиерот Никола Груевски во интервју за Фајненшл тајмс рече дека ги прифаќа предлозите на опозицијата, но дека нема намера да се повлече од функцијата.
Токму повлекувањето на Груевски од челната позиција во Владата е едно од клучните барања на опозициската СДСМ, без чие остварување за социјалдемократите нема договор.