Утре обилни врежи од дожд

0
444

Облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во северозападните, централните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Т-мин. од 7 до 11 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во петок во југозападните делови ќе има пообилни врнежи. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат уште над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има опаѓање на температурата и повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места и врнежи од снег.

Без коментари