Утре пензиите ќе се исплатат повисоки за 621 денар

0
194

Утре на околу 300.000 пензионери во Македонија ќе им се исплатат пензиите со најавеното покачување од 621 денар.

Со овогодинешното покачување просечната пензија ќе достигне 13.085 денари.

Ова е покачување за цели 70 отсто во споредба со пензиите во 2006-та година, кога просечната пензија изнесуваше 7.683 денари.

Во месец октомври следната ќе има ново покачување на пензиите од 650 денари.

Средствата за новото покачување се веќе обезбедени со предлог-буџетот за 2016-та година.