Утре пред советниците договорот за ФК Пелистер

0
992

На утрешната седница на Советот на општина Битола треба да се најде барањето за раскинување на договорот меѓу Цермат и Општина Битола.

Screenshot from 2016-06-06 13:35:16

-И покрај искрената желба и максимално вложените напори кои се направени, севкупните финансиски вложувања како и целосната заложба на управата на клубот со цел ФК Пелистер АД Битола да се издигне на едно повисоко ниво во Македонскиот фудбал па и пошироко, сепак клубот не успеа во континуитет да постигнува добри резултати со кои Цермат ДОО Битола како доминантен сопственик би бил задоволен. Поради овие причини Цермат ДОО Битола одлучи да го откажи  Договорот за продажба на доминантен пакет акции на ФК Пелистер АД Битола и да остави можност некој друг, кој со искрени заложби и несебичен ангажман, ќе успее да го врати клубот онаму каде што заслужува, а тоа е на врвот во Mакедонскиот фудбал и афирмација на клубот на меѓународната сцена, стои во писмото на Цермат ДОО Битола.

Screenshot from 2016-06-06 13:36:03

Screenshot from 2016-06-06 13:37:05