Утре примопредавање на функцијата градоначалник на Битола

0
3334

За утре во 10 часот закажано примопредавањето на фунцијата градоначалник на Битола.

Од Општина Битола денеска известија дека за утре во 10 часот е најавено доаѓањето на новата градоначалничка во Општина Битола, каде што треба да се случи примопредавање на функцијата градоначалник.

Наташа Петровска стана градоначалник на Општина Битола кога на 15 октомври освои најмногу гласови на првиот круг од локалните избори. За неа гласаа 31 337 гласачи или 59,77 проценти од излезените избирачи, а за нејзиниот противкандидат Зоран Илиоски гласаа 17 715 гласачи или 33,79 проценти од гласачите. Со тоа Петровска во првиот круг обезбеди победа на локалните избори и е првата жена која ќе раководи со Општина Битола.