Утре протест пред Собранието поради предлогот да се забранат бомбите

0
527

Утре во 18 часот пред Собранието на Република Македонија граѓанското движење „АЈДЕ!“ најави протест поради најавениот предлог-закон за забрана на објавување на т.н. опозициски бомби со кои се инкриминира власта.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предложија закон за бришење на сите досега објавени „бомби“ на СДСМ, односно за прислушуваните материјали, а казната за секој што не би го почитувал законот да биде четири години затвор.

Во предложениете законски одредби индиректно се предлага порталите да ги тргнат од своите веб-страници сите досега објавени текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, што се однесува и на досега необјавените прислушувани материјали што треба да бидат предадени на специјалниот јавен обвинител.

Без коментари

LEAVE A REPLY