Утре работна група ќе расправа за промена на правилата за избори

0
192

Изборниот законик, измени на закони поврзани со изборите, нов избирачки список, составот на ДИК… се темите на кои утре една од работните групи ќе одржат состанок со посредништво на белгискиот експерт Питер Ван Ховит.

Утре најверојатно за првпат ќе се отвори и темата за гласањето на дијаспората. За ДУИ нема дилеми дека тоа право на дијаспората да избира тројца пратеници треба да се поништи и тие да гласаат во земјата. СДСМ смета дека треба да се усогласи вредноста на гласот даден во странство и во земјава, односно опозицијата ќе бара пратеник од дијаспората да добие мандат само ако успее за него да гласаат најмалку 80 отсто од потребните гласови за избор на пратеник во Македонија.

Меѓу партиите сѐ почесто се зборува и за целосно нов состав на Државната изборна комисија.

Според задачите преземени од договорот од 2 јуни и 15 јули и според извештајот на Прибе летово четиритте партии потписнички на договорите треба да формираат 9-10 работни групи кои ќе работат на спроведување на сите забелешки од извештајот.

Минатата недела веќе се одржа еден состанок на работната група која ја сочинуваат претставници на четирите најголеми политички партии во земјата. И тогаш главна тема на сстаноокот биле изборниот закон и избирачкиот список.

На состаноокот присуствуваа и експерти од ОБСЕ, граѓанските организации Мост и Цивил, како и претставници на Министерството за правда.

ДУИ минатата недела ја избра работна група која ќе го контролира спроведувањето на договорот од Пржино. Фатмир Бесими-координатор, Муса Џафери, Талат Џафери, Абдилаќим Адеми, Бујар Османи и Артан Груби се членовите на работната група која ќе биде ангажирана за спроведување на договорот за излез од политичката криза постигнат на 2 Јуни помеѓу лидерите на четирите најголеми политички партии и со посредство на меѓународната заедница.

 

www.mkd.mk