Утре се полага државна матура, ектерно од 7-ми јуни

0
760

Утре почнува полагањето на државната матура. Прв предметот е мајчин јазик. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. На 15 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици, од кои 8 илјади 729 од гимназиско образование, 7 илјади 866 од средно стручно и 264 од средно уметничко образование.

Екстерното тестирање за основците и за средношколците ќе се спроведе од 7 до 11 месецов. Три дена пред тестирањето, учениците ќе можат да ги видат и предметите по кои ќе бидат тестирани.