Утре седница за ребалансот на буџетот

0
189

По три дена дебата,  заврши општата расправа за ребалансот на Буџетот за 2016 година, гласањето ќе биде во петок, на продолжението на оваа седница.

На третиот ден од расправата пратениците од власта и од опозицијата повторно полемизираа најмногу за издавањето на еврообврзницата, висината на каматната стапка и задолжувањето.

Според опозицијата, буџетот е антиекономски, нереален и нетранспарентен и повторно ќе продуцира непродуктивни трошења со кои се осиромашуваат граѓаните.

Од владејачката партија, пак, сметаат дека опозицијата шири лаги и шпекулации за да го намали угледот на државата и дека сите споредби во економијата се во полза на ВМРО ДПМНЕ.

Ребалансот на Буџетот за 2016 година предвидува намалување на вкупните приходи од 177.292 милиона денари на 174.291 милион, на вкупните расходи од 196.276 на 195.472 милиона, а дефицитот е ревидиран од 18.984 на 21.181 милион денари.