Утре со точак на работа

0
779

International Winter Bike to Work Day е годишен настан кој го слави транспортирањето со точак во зима (годинава е во петок, 12-ти февруари).  International Winter Bike to Work Day започна во Канада пред 4 години, а годинава се одбележува во повеќе десетици градови во светот, вклучуваќи ја и Битола.

Со точак на 12-ти февруари до работа, до училиште, до факултет или било каде и да одиме; без разика дали возиме или не возиме точак во зима, без разлика какви ќе бидат временските услови тој ден, вели во интервју за Тера Виктор Илиев од Битола на точак.

„ Зимски ден со многу луѓе на точак низ градот и тоа се случува синхронизирано во светот, вреди да се пробаме, ако веќе возите во зима, мотивирајте ги вашите пријателите да пробаат, макар и само на овај ден, кажете им дека тоа за првпат го прават и други илјадници луѓе како нив во светот“ додава тој.

Битола на точак доделува 5 маички за нај КУЛ фотки кои ќе ги испратите нивната фан страна.