Утре собраниска седница за избор на влада

0
397

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за утре собраниската седница за избор на влада. Оттаму информираат дека вчера, мандатарот Зоран Заев го доставил предлогот за состав на владата и програмата на владата до Собранието.

Собранискиот спикер Џафер овие предлози ги доставил до пратениците, а ја закажа седницата во 11 часот.

Вчера, на прес-конференција Заев ги соопшти кандидатите на СДСМ, а ДУИ преку соопштение ги објави своите кандидати.