Утре сончево и топло со температура до 25 степени

0
439

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини со услови за слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.

 

Продолжува периодот на стабилно и суво време. Малку поизразен ветер ќе има во текот на утрешниот ден особено вдолж Повардарието. Наутро во некои котлини ќе има намалена видливост.

Утринските температури од петок полека ќе опаѓаат, а позначително ќе се спуштат од недела наутро.