Утре трибина за каменоломот над Битола

0
887

-Здружението за развој и активно учество и поттикнување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ – Битола, има чест да Ве покани на шестата од серијата јавни трибини и дебати, во рамките на проектот: “Граѓанска вклученост во решавањето на проблемите во животната средина”, на тема: 

” Процесот на експлоатација на минерални суровини и неговото влијание врз животната средина”.

Истата ќе се одржи на ден 19.07.2016 година (вторник) со почеток во 18.00 час. во хотел Театар – Битола.

Гости на оваа трибина ќе бидат: 
– г. Љубо Атанасовски – општина Битола – одделение за заштита на животната средина.
– г. Костадин Јованов – директор на Геолошки завод на Р.Македонија
– г. Александар Пановски и г.Славчо Џолев, изготвувачи и изработувачи на рударскиот проект за рудникот за гранит, на концесионерот – ДОО Стентон Битола во месноста Билбил Камен во Битола, 

Проектот “Граѓанска вклученост во решавањето на проблемите во животната средина” вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во период од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија, изјави Илија Балтовски од Здружение За нас се работи