Утревечер се распушта Собранието на Македонија?

0
509

До вторник на полноќ Собранието треба да донесе одлука, дали ќе стапи на сила одлуката за распуштање, или со договор на четирите најголеми партии ќе се промени одлуката од јануари, за негово распуштање и одржување предвремени избори на 24.април.

Откако вчера ЕУ и САД објавија проценка дека нема услови за организирање на кредибилни избори за предвидениот датум 24 .април и дека датумот останува да го одредат политичките партии, ДУИ ретерираше од досегашниот цврст став „или избори или криза“.

Лидерот Али АХмети по лидерската средба синоќа изјави дека „ДУИ е во иста линија и комуникација со меѓународната заедница, ние сметаме дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис и согласност меѓу сите страни за да не дозвоиме Договорот да пропадне“.