Утрово -12 степени во Битола

0
706

Утрово најструдено со -20 степени во Маврово, -18 Лазарополе, Крушево, -16 Ѓуриште, -15 Тополчани, Пожаране, Берово, -14 Дебар, Прилеп, -13 Виница, Претор, Кр. Паланка, Куманово, Тетово, -12 Битола, Скопје Зајчев Рид, Охрид, Скопје Петровец, -11 Штип, -10 Д. Капија, Струмица, -9 Дојран, -8 Гевгелија.

Утринава насекаде во земјава е облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб а на планините и во источните делови врнежите од снег се со  умерен интензитет . Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.

До крајот на денот променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб интензитет, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува  умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од -10 до -3 степени.

 

И утре времето ќе биде  студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.