Утрово -20 степени во Битола

0
952

Утрово најстудено со -21 во Скопје Петровец и Берово, -20 Битола, -19 Тетово, -18 Куманово, Д. Капија, Штип, -17 Струмица, -16 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, -15 Кр. Паланка, -14 Виница, Дебар, Пожаране, -13 Тополчани, Ѓуриште, -12 Маврово, Гевгелија, -10 Лазарополе, -9 Крушево, -8 Претор, -7 Дојран, Охрид.

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринска температура од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.

 

Во сабота, особено претпладне, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. На пониските места на југот и вдолж Повардарието поради повисоките дневни температури снежната покривка делумно или целосно ќе се истопи. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата.