Утрово -3 степени во Битола

0
362

Утрово најстудено во Берово со -6 степени, -3 во Битола до 4 во Гевгелија.

Денеска времето ќе биде сончево и свежо со мала облачност претежно на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен особено вдолж Повардарието. Температурата ќе се движи од 8 до 14 степени.

Од денес времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. В петок се очекува умерено наоблачување, а утринските температури ќе бидат малку повисоки. Викендот ќе започне со сончево време, а на крајот облачноста ќе се зголемува.