Утрово -3 степени во Битола

0
890

Утрово -8 степени во Лазарополе, -6 Маврово, Крушево, -5 Берово, -4 Кр. Паланка, -3 Пожаране, Битола, -2 Тополчани, Виница, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Штип, Скопје Петровец, -1 Претор, Струмица, Д. Капија, 0 Куманово, 1 Скопје, 3 Гевгелија, Дојран.

 

Времето денска сончево со мала до умерена облачност. Повеќе сонце ќе има во централните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Температурата во интервал од 9 до 17 степени. Во Скопје до 15° С.

Во следниве денови утринските температури полека ќе се покачуваат, а во вторник наутро се очекуваат позитивни утрински насекаде. Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени пред се на југоистокот.