Утрово облачно и магливо, попладне потопло

0
220

Утринава низ сите котлини во земјава имаше појава на ниска облачност и магла.

Маглата е поизразена во Тетово и Прилеп, слаба магла има во Битола и сумаглица во Струмичката котлина. Оваа ситуација ќе продолжи во поголем дел од претпладнето, додека рано попладне очекуваме да “пробие“ сонце.

Истовремено утринава, местата на надморска висина над 1300 метри се нешто поведри.

Попладне ќе биде претежно сончево низ котлините со мала обланост.

Разведрувањето ќе резултира со брз пораст на темературата, па котлините ќе очекуваат максимална температура помеѓу 14°С и 18°С, на југот на повардарие до 19°С, а на повисоките места околу 12°С.